Германецот од Гостивар потпиша за Башкими

Екипата на Башкими денеска претстави уште едно засилување, германскиот интернационалец Огузхан Ајдоган кој ја мина ланската сезона во дресот на Гостивар, а во новиот шампионат на Македонија ќе ги брани боите на кумановскиот прволигаш.

Ајдоган е 28-годишен фудбалер од средниот ред кој е роден во Германија, беше дел од младинските школи на Шалке и на Борусија Дортмунд, но не доби шанса на сениорско ниво во овие клубови. Потоа се сели во турски Бешикташ, но ниту таму не успева да се наметне, па беше позајмуван во различни екипи неколку години во низа.

Лани дојде во Гостивар од редовите на турскиот нисколигаш Дучеспор, а летово дефинитивно ќе остане во мак-фудбалот откако денеска го стави својот потпис на едногодишниот договор со Башкими.

Се вчитува...