Марко Симоновски во нападот на Башкими

Башкими од Куманово доведе уште едно засилување во нападот за новата сезона во која сака поуспешен кам-бек во Првата лига. Искусниот напаѓач Марко Симоновски стана дел од тимот на Башкими за новата сезона.

Симоновски во минатото настапуваше за многу екипи, мешу кои Металург, Напредок, потоа беше и во Амкар Перм, Сплит, Жетису, па во Шахтјор Караганди, беше дел и од Лахти, Сепси, Волунтари, играше и за косовските тимови Фероникели и Дрита. Во минатата сезона беше дел од Гостивар.

Тој е поранешен младински репрезентативец, а за македонсакта сениорска репрезентација има одиграно три меча, и сите во пријателски мечеви.

Се вчитува...