Репрезентацијата на Србија е главен фаворит за златниот медал на Евробаскет 2025, ако се суди според најновото рангирање што денеска го објави ФИБА Европа во пресрет на континенталниот собир што ќе се одржи во четири држави, а ќе стартува на 27 август. Нашиот северен сосед беше број 1 и на претходното рангирање, а дополнително се зацврсти на првата позиција откако беше објавено дека Никола Јокиќ и дефинитивно ќе биде во тимот, додека останатите селекции се соочија со проблеми поради неиграње на важни кошаркари.
„Богдан Богдановиќ и Никола Милутинов беа причично отворени околу својата желба да се закитат со првата европска титула со Србија. Во меѓувреме, Светислав Пешиќ, мудриот човек на кого сите толку многу му се воодушевуваме, предупреди да не се поставувааат нереални цели бидејќи и оние реалните се тешко остварливи. Така, додека фановите сонуваат да завршат први на 14 септември, селекторот е фокусиран да биде прв во групата во која има уште две селекции од Топ 5 во ова рангирање“, се вели во мини-анализата објавена на ФИБА-Европа.
Германија ја прескокна Франција и светските шампиони сега се второрангирани од страна на ФИБА, Французите без Гобер, Лесор и Вембењама паднаа на третото место, а во Топ 10 има место и за селекциите на Турција, Летонија, Грција, Словенија, Шпанија, Литванија и Финска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

