Фенербахче враќа уште еден НБА адут во Европа

Актуелниот шампион на Евролигата, Фенербахче ова лето претрпе сериозни промени во составот со заминување на бројни клучни кошаркари започнувајќи од Марко Гудуриќ до Најџел Хејс-Дејвис.

Се чини дека заминувањата на предводниците на тимот ќе бидат тешко надоместени па турскиот тим нема да ризикува и ќе ги пополни нивните позиции со НБА засилувања.

По неколкуте засилувања од Соединетите американски држави очекувањата се дека на тренерот Шарунас Јасикевичиус на располагање ќе му се стави и италијанскиот репрезентативец Симоне Фоктекио, сегашниот кошаркар на Мајами кој веќе неколку години настапува во НБА лигата.

Претходната сезона ја помина во Детроит, но ова лето се пресели на Флорида каде поранешниот НБА шампион не смета на неговите услуги па се отвара врата за камбек во Европа каде во минатото настапуваше за Виртус Болоња, Олимпија Милано, Реџина, Алба и Басконија.

Се вчитува...