АП Брера го продолжи договорот со Стефан Наумчески

Дефанзивецот Стефан Наумчески го продолжи договорот со македонскиот прволигаш АП Брера. Откако го одработи двегодишниот договор тој летово беше слободен играч, но одлучи кариерата повторно да ја продолжи во Струмица.

Наумчески минатата сезона во дресот на Брера ја заврши со 17 натпревари и еден погодок во шампионатот и четири настапи во Купот на Македонија.

25 годишниот Наумчески во својата кариера има играно за Победа, Вардар и Тиквеш и во Првата македонска фудбалска лига има 101 настап.

Се вчитува...