Вардар и Пелистер утре го почнуваат шампионатот со меѓусебна пресметка на Националната Арена „Тодор Проески“ во меч под рефлектори кој почнува во 20:00 часот.
Добра посетеност, две навивачки групи и борба за трите бода ќе го краси ова дерби, од кое и Пелистер има свои математики. Додека Вардар најавува битка за титулата, од Битола се фокусирани само кон утрешното дерби.
,,Максимално сме подготвени за гостувањето во Скопје. Имаме максимален респект за Вардар, екипа составена од одлични фудбалери и одличен тренер, но сите знаеме каква тежина има ова македонско дерби. Се надеваме дека трите бода ќе ги донесеме во Битола и ќе славиме со нашите навивачи, кои ќе нè бодрат во Скопје“, рече Јорданчо Наумоски.
Филип Бошковски очекува добар почеток на сезоната за Пелистер, и најави битка за бодовите во Скопје.
,,Спремни сме за почетокот на сезоната и за дербито со Вардар. Сите знаеме каков натпревар ни следи и атмосферата во нашата соблекувална е одлична. Со нетрпение го чекаме натпреварот, го респектираме противникот, но цел ни е да ги донесеме бодовите во Битола. Тоа би бил добар почеток за нас и за нашите навивачи „Чкембари“. Со добра игра и исполнување на задачите од стручниот штаб можеме да ја исполниме целта.”
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

