МАЛКУ СТАТИСТИКА: Вардар далеку поуспешен од Пелистер, но во последните десет меѓусебни пресметки битолчани се подобри

Со големата дерби-пресметката меѓу Вардар и Пелистер на арената „Тодор Проески“ во Скопје од 20 часот денеска стартува новата 2025/26 сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Вечните македонски ривали во нова мега-пресметката низ желбата, секој со своите амбиции, за позитивен старт на сезоната.

А, согласно статистичките показатели, на последните 10 меѓусебни средби во последниве пет години, Пелистер е тој кој е поуспешен. На последните десет меѓусебни дуели, две победи се за Вардар, пет дуели завршиле без победник и три победи се за Пелистер.

Сепак, вкупната статистика говори дека во 80 досега одиграни дерби натпревари, Вардар има 44 победи, Пелистер славел на 16 натпревари, а 20 дуели завршиле без победник.

„Црвено-црните“ минатата сезона запишаа две победи против битолчани, и еден пораз од 1-0 во ноември минатата година на гостувањето под Тумбе кафе.

Се вчитува...