Бранителот на титулата, екипата на Шкендија со дуелот против Шкупи денеска од 17 часот на Градскиот стадион во Тетово (директен пренос на МТВ), ја отвора новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
„Црвено-црните“ силно веруваат дека со триумф ќе ја почнат новата сезона како демонстрација на своите амбиции, во историската за себе сезона во Европа, повторно да се борат и за шампионската круна.
Играчот од средниот ред Арбин Зејнулаи вели дека со нетрпение го очекува враќањето на стадионот каде што претходно играше, силно посакувајќи победа против Шкупи за добар старт на сезоната.
„По три години се враќам да играм на стадионот каде што отсекогаш сум играл и природно со нетрпение го очекувам ова ново враќање. Се надевам дека ќе започнеме со победа“ – вели Зејнулаи и дополнува:
„Навистина 100% сме фокусирани на натпреварот бидејќи како што реков претходно, мора да започнеме добро бидејќи добриот почеток е секогаш неопходен. Нашата цел за оваа сезона е да ја одбраниме титулата“.
Факт е дека Шкендија во моментов е фокусирана и на европските натпревари, но бодовите мора да се освојуваат и на домашната сцена.
„Секако размислуваме само за три бода и се надевам дека ќе можеме да го направиме тоа. Нормално има замор, поради бурниот распоред на натпревари но тоа е шанса да играат што повеќе фудбалери на двата фронта и да ги покажат своите квалитети. Верувам дека ќе го демонстрираме најдоброто и денеска против Шкупи“ – истакнува Зејнулаи.
За денешниот дуел, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири нема да може да смета на Фабрис Тамба кој е надвор од комбинација поради црвениот картон од последниот натпревар од минатата сезона против Силекс во Тетово.
**ФК ШКЕНДИЈА – ФК ШКУПИ- 1927**
📅 Датум: 08.08.2025 (петок), 17 часот
📍 Место: Градски стадион Тетово
👤 Делегат: Славчо Ѓорѓијоски
👤 Судија: Игор Стојчевски
👤 1. помошен судија: Гоце Петрески
👤 2. помошен судија: Филип Ицковски
👤 Четврт судија: Бењамин Ќерими
👤 ВАР: Стојанче Стојанов
👤 АВАР: Мартин Петковски
👤 Контролор: Димитар Мечкаровски
👤 Оператор за повторување на снимка: Диме Димовски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

