Од Фудбалската федерација на Македонија пред денешниот почеток на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига испратија порака до сите актери на фудбалската игра во земјава сите заедно да го подигнеме нивото на натпреварување, да ја зајакнеме фудбалската култура и да бидеме вистински пример за младите генерации.
„Во пресрет на почетокот на новата сезона во Прва МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им посакува многу успех на сите клубови, тренери, фудбалери и спортски работници кои секојдневно вложуваат во напредок на нашиот фудбал.
Очекуваме возбудлива, фер и квалитетна сезона која ќе донесе позитивни моменти, на теренот, но и надвор од него. Сите заедно имаме обврска да го подигнеме нивото на натпреварување, да ја зајакнеме фудбалската култура и да бидеме вистински пример за младите генерации.
ФФМ останува силен партнер на клубовите и ќе продолжи со посветена работа на обезбедување подобри услови, развој на инфраструктурата и транспарентно водење на натпреварувањето.
Се радуваме што заеднички го отвораме новото поглавје за македонскиот клупски фудбал. Фудбалот на прво место!“ – се вели во пораката од ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

