Стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ни го носи вечното македонско дерби меѓу Вардар и Пелистер. Двата најголеми македонски ривали ќе се сретнат денеска во вечерен термин од 20 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
„Вардарци“ максимално амбициозно ја очекуваат сезоната, па и денешниот прв дуел во новата сезона, за што потврда се и очекувањата на интернационалецот од Хрватска, Мислав Матиќ.
„Конечно стартува шампионатот за кој се подготвувавме цело лето. По успешната европска авантура, сега целосно сме фокусирани на домашното првенство. Не може да се посака подобар старт, вечно дерби против Пелистер, под рефлектори, пред нашите навивачи. Вистинско уживање. Сконцентрирани сме, подготвени и максимално мотивирани“, вели Матиќ во изјава за новата официјална интернет страница на ФФМ.
Хрватскиот дефанзивец не ги потценува битолчани и додава:
„Пелистер е незгоден противник и сигурно ќе дојде во Скопје по позитивен резултат. Но, ние сме Вардар, играме дома, во идеални услови и ќе дадеме се од себе за трите бода со помош и на нашите верни навивачи“.
Очекувањата за полни трибини, добра атмосфера и натпревар достоен за традицијата на двете екипи се високи.
==========================================
ФК ВАРДАР – ФК ПЕЛИСТЕР
Датум: 08.08.2025, 20 часот
Место: Национална Арена „Тодор Проески“ Скопје
Делегат: Тони Шалев
Судија: Александар Грујоски
1. помошен судија: Вјолца Изеири
2. помошен судија: Дарко Јовчевски
Четврти судија: Пларент Салихи
ВАР: Фатмир Бафто
АВАР: Мишо Ѓорѓиески
Оператор за повторување на снимка: Петар Мукоски
Контролор: Никола Караколев
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

