Легендарниот играч, а потоа и тренер на Вардар, Андон Дончевски, е прогласен за почесен претседател на „црвено-црните“, одлучи одборот на директори на ФК Вардар.
Дончевски беше дел од Вардар како играч, и ја мина целата своја кариера во овој тим, играјќи преку 330 натпревари, и постигна над 200 голови. Потоа беше и тренер на Вардар. Стана и селектор на Македонија, и ја водеше првата репрезентација се до 1995 година.
„На редовната седница на Одборот на директори на АД ФК Вардар одржана на 07.08.2025-та, едногласно беше прифатен предлогот на неизвршниот директор Мартин Гелев, легендата на Македонскиот фудбал и на Вардар, АНДОН ДОНЧЕВСКИ да биде прогласен за ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ на клубот.“, стои во објавата на ФК Вардар.
Пред неколку месеци Дончевски од Австралија допатува во Скопје, да му даде поддршка на клубот во финалето на Купот против Струга ТЛ. На крајот Вардар победи со 2-0, и обезбеди пласман во Лигата на Конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

