Франција остана без уште една „ѕвезда“ за Евробаскет 2025

Франција ќе биде значително ослабена за претстојното издание на Евробаскет по откажувањето на неколкуте клучни играчи во рекетот (Гобер, Вембењама и Лесор).

Франција селекторот Фредерик Фоту, кој неодамна го наследи Венсан Коле на кормилото, изненади со одлуката да избрише од списокот уште еден играч кој со години успешно ги бранеше боите на „триколорите“, па така Френк Нликина ќе ги напушти подготовките на националниот тим. Фоту денеска го скрати списокот на 14 кошаркари, бришејќи го Нликина заедно со двајцата млади играчи од НБА-лигата, Муса Дијабате од Шарлот и Усман Диенг од Оклахома Сити.

Нликина минатото лето дојде од НБА-лигата назад во Европа, но серијата повреди го спречија да го прикаже најдоброто од себе во дресот на Партизан.

Се вчитува...