Фудбалерите на Вардар и Пелистер играат на полувреме без голови 0-0 во македонското „Ел класико“ како дел од првото коло од новата сезона во ПМФЛ.
Првата шанса на мечот ја имаа домаќините кога во 18. минута Омерагиќ имаше одличен прием, но не успеа баш најдобро да ја зафати топката, па сигурно интервенираше Јовчевски на голот на Пелистер.
Домаќините повторно се заканија во 31. минута, кога неколкупати Маневски биеше кон голот на битолчани, но дефанзивците на Пелистер одлично интервенираа.
Гостите првата шанса ја имаа во 34. минута кога Ристиќ излезе „еден на еден“ против Талесски, но вардаровиот голман успеа да интервенира и да го зачува голот на својот тим. Пелистер имаше нова полушанса во 42. минута, но Мирко Ивановски биеше непрецизно кон голот на домаќините.
И кога сите чекаа да се замине со почетните 0-0 на полувреме, Данев во третата минута од судиското надополнување донесе водство од 1-0 за домаќините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

