Вечерашното дерби меѓу Вардар и Пелистер се одигра во присуство на двете навивачки групи, придонесувајќи атмосферата да биде на високо ниво иако стадионот беше далеку од исполнет.
Скопските „комити“ и битолските „чкембари“ им дадоа безрезервна поддршка на своите миленици, а двете навивачки групи притоа истакнаа и пароли во чест на македонските херои кои трагично го загубија животот на Карпалак, на денешен ден пред точно 14 години.
На 8 август во 2001 година, десет резервисти од македонската армија беа убиени кај Карпалак, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна се движел кон Тетово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

