Дончиќ не можеше сам: Германија и без најдобрите ги понижи Словенците

Лука Дончиќ ќе има исклучително тешка задача на свој грб да ја носи целата репрезентација на Словенија на претстојниот Евробаскет, нешто што беше очигледно и на денешната контрола со Германија што Словенците ја загубија на домашен терен со убедливи 89-103.

Неиграњето на Нибо и Чанчар го става целиот притисок врз ѕвездата на ЛА Лејкерс, Дончиќ и вечерва имаше неколку извонредни потези, што сепак беше премалку за да се избегне убедливиот пораз. Згора на тоа, Германците настапија без двајца клучни стартери (Денис Шредер и Даниел Тајс), но и со таков состав демонстрираа зошто се светски прваци и рутински стигнаа до победата.

Дончиќ имаше 19 пооени и 5 асистенции за 24 минути игра, Хроват беше стрелец на 15, а Препелич на 14 поени за Словенија, додека најефикасни во германскиот табор беа Крамер и Вагнер со по 18 поени, а три помалку постигна Исак Бонга.

Се вчитува...