Јанис не играше за Грција, бидејќи договара трансфер во Голден Стејт?

Србија ја победи Грција во првиот натпревар од турнирот во Кипар. Она што им го привлече вниманието на сите беше отсуството на главната ѕвезда на грчкиот тим, Јанис Адетокумбо, кој дури и не отпатува на Кипар.

Тренерот Василис Спанулис не понуди објаснување зошто најдобриот играч ги пропушта првите два натпревари од подготовките, а е несигурен и за натпреварот против Црна Гора во Солун во четврток.

„Сè уште не знаеме дали Јанис ќе игра во Солун. Тој ќе биде на теренот кога ќе може да биде“, рече Спанулис.

Мистеријата се засилува, но сепак може да се претпостави што се случува. Деновиве, двократниот МВП наводно преговара за напуштање на Миловки. Сè уште се споменуваат многу клубови, но Голден Стејт Вориорс се најголеми фаворити во моментов.

Се вчитува...