Пеп откри кои му се омилени кошаркари во НБА

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри кои се неговите омилени НБА играчи откако Мајкл Џордан се пензионираше.

Пеп Гвардиола е фудбалска икона, но дефинитивно не е ограничен само на еден спорт. Како што често споменуваше во минатото, обожава да гледа кошарка.

На прес-конференција во Палермо, Шпанецот рече дека кошарката е „огромен дел од неговиот живот“.

Гвардиола му честиташе на Џо Маѕула, неговиот пријател, за продолжувањето на договорот со Бостон Селтикс, а како што објави Марк Штајн, Гвардиола беше замолен да каже кои се неговите омилени играчи во НБА.

„Моите омилени играчи во ерата по Џордан се Стеф Кари, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс“, рече Гвардиола.

Се вчитува...