Србија до врв го наполни кошот на Кипар

Кошаркарите на Србија продолжуваат со одличните партии во подготвителниот период пред стартот на Европското првенство.

Откако вчера славеа против репрезентацијата на Грција, Србите денеска ја декласираа репрезентацијата на Кипар со убедливи 55-122.

Србите во текот на целиот меч го мелеа противникот и одработеа еден посилен тренинг на кој Светислав Пешиќ се реши да им даде одмор на најдобрите играчи меѓу кои и Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ.

Во нивно отсуство најефикасни беа Копривица и Вукчевиќ кои завршија со 22 поени.

Се вчитува...