Мициќ се уште е неизвесен за настап на Евробаскетот

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, ја откри состојбата на Василије Мициќ.

Србија ја постигна најубедливата победа во историјата, откако победи против Кипар славеше со огромни 122-55.

По натпреварот, селекторот Пешиќ одржа прес-конференција на која на новинарите им ја откри ситуацијата со Василије Мициќ, кој не играше против Грција иКипар поради полесна повреда, иако патуваше со тимот во Лимасол.

„Се надеваме дека ќе биде подготвен за Минхен, но и за Евробаскетот. Утре ќе го направиме тестирањето. Ќе продолжи да работи и ќе видиме што ќе кажат лекарите. Се надеваме дека би можеле да имаме некаков напредок. Се бореше, но сè е различно кога работиш сам, и кога е 1 на 1, а особено 5 на 5. Најважно е тие болки да исчезнат“, објасни Пешиќ.

Се вчитува...