Кошаркарите на Германија ја победија Словенија по втор пат во три дена, овој пат на домашен терен. Светскиот шампион прво славеше во „Стожице“ (103-89), а вечерва во Мајнхајм беше подобар со 80-70.
На овој натпревар Словенците беа без својот најдобар кошаркар Лука Дончиќ.
Најефикасни кај победникот беа Франц Вагнер со 17 поени и четири скока, односно Денис Шрудер со 17 поени и шест асистенции. Грегор Хроват се истакна за Словенија со 15 поени и пет асистенции.
Црна Гора пак исто така во пријателски меч беше подобра од Босна и Херцеговина откако славеше со 102-90.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

