Лоши вести за Полска пред Евробаскетот

Еден од домаќините на престојниот Евробаскет кој ќе се одржи од крајот на месец август до средината на месец септември, Полска доби лоши вести пред континенталниот собир.

Како што потврди и самата федерација, дел од составот нема да биде НБА кошаркарот Џереми Сочан кој настапува за Сан Антонио Спарс во најсилното кошаркарско натпреварување.

Причината за отсуството на 22-годишникот е повреда на листот на ногата за која се чинеше дека е навина, но по деталните прегледи утврдено е дека ќе мора да паузира најмалку еден месец.

Се вчитува...