Најголемата ѕвезда во кошаркарската репрезентација на Грција, Јанис Адетокумпо се уште чека на првиот настап ова лето. На големо незадоволство на навивачите не беше дел од спектакуларниот натпревар против Србија одигран на Кипар, а сега е позната причината.
И покрај тоа што се шпекулираше дека 30-годишниот крилен центар не настапува против НБА трансфер кој би го одвел во Голден Стејт, причината е сосема различна и тој не настапува поради проблеми со здравственото осигрурување.
Грчката федерација мора да плати уште една рата пред НБА ѕвездата да може за игра на теренот, а според селекторот Спанулис неизвесен е и неговиот настап на 14. август кога Грција во Солун ќе ја пречека Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

