Најтрофејниот македонски фудбалски тим Вардар денеска ги објави цените за влезници за домашниот шампионат кои ќе бидат по популарни цени.
Како што соопштија од таборот на скопскиот тим на денешната сценица на одборот на директорите е донесена одлука влезниците за јужната трибина да изнесуваат 200 денари, а за источната 100.
„На последната редовна седница на одборот на директори на АД ФК Вардар донесена е одлука:
Цената на билетите за сите натпревари кои ФК Вардар ќе ги игра на домашен терен до крајот на сезоната 2025/26, да биде за југ 200, и исток 100 денари.
Навиваме за Вардар!“, стои во соопштението на ФК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

