Гурбанов: Шкендија е многу амбициозен тим, ништо не е решено и покрај нашата победа во Скопје

Шкендија утре во Баку, гостува на азербејџанскиот шампион Карабах на реванш дуелот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Тренерот на Карабах, Гурбан Гурбанов на денешната прес-конференцијата во Баку нагласи дека ништо не е одлучено околу патникот во следното коло во ЛШ, и покрај тоа што неговиот тим славеше со 0-1 на првиот дуел во Скопје.

„Шкендија е многу амбициозен тим. Затоа ништо не значи онаа победа за нас од 1-0. Утре можеби ќе треба да потрошиме многу повеќе енергија отколку во Скопје за да дојдеме до следната рунда. Мора да се обидеме да играме многу дисциплинирано. Разговаравме со играчите, во ред, ќе биде интересен натпревар. И двата тима се способни да победат врз основа на резултатот од првиот натпревар. Имаме мала предност, ние сме во водство, но мора да минеме многу сериозни 90 минути“ – вели Гурбанов.

Какви се вашите гледиша за Шкендија по првиот меѓусебен меч?

„Имав иста мисла, и пред и по натпреварот во Скопје. Претходно реков дека Шкендија е тимот што победи на два натпревари со ФЦСБ. Сите мислеа дека ФЦСБ ќе победи, но Шкендија покажа квалитет. Утре мора да бидеме многу активни и фокусирани ако сакаме успех“.

Која е причината за недисциплинираната игра и непрофесионалното однесување на Кади Борхес на првиот натпревар?

„Можеби употребивте преостри зборови. И недисциплиниран и непрофесионален… Но, во реалноста, тоа не е случај. Сите мои играчи беа спремни и дисциплинирани на тренинзите и натпреварите во последно време. Кади е потехнички играч. Можеби мислите дека многу ја губи топката. Но, мора да го земете предвид и противникот. Ако ги погледнеме тимовите во европскиот фудбал во последно време, загубените топки се зголемија. Фудбалот почна да биде поинаков. Кади имаше задача. Тој правилно ги извршуваше тактичките задачи во играта без топка, во дефанзивниот план, во конструкцијата на некои напади. Техничките грешки се неизбежни, тие секогаш ќе бидат таму“.

На првиот натпревар, Матеуш Кохалски привлече внимание со своите одбрани. Дали полскиот играч ќе биде на голот утре?

„Постои голема веројатност дека ќе игра. Во секој случај, направивме некои промени. Ќе видиме кој ќе биде во составот“ – рече Гурбанов.

Се вчитува...