ВИДЕО: Три ефектни гола – Силекс за само 10 минути во вториот дел веќе до 3-0 против Брера!

За само десет минути на стартот од второто полувреме Силекс веќе целосно го „скрши“ отпорот на АП Брера во 1. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Кратовци, пред своите навивачи, максимално ја искористија предноста од фудбалер повеќе и со три ефектни гола во периодот од 47. до 57. минута веќе имаат предност од 3-0 против струмичани кои целосно се распаднаа.

Најпрво Мигуел Пирес во 47. минута ефектно со глава постигна гол за водство од 1-0.

Но, во 53. минута Кристијан Ефтимов по одличен соло продор зголеми и на 2-0.

А, веќе во 57. минута нова одлична акција на домашните која со гол ја круниса Донов и за 3-0.

Се вчитува...