Шкендија имаше предност, но Карабах направи пресврт за само две минути (ВИДЕО)

Шкендија имаше предност во Баку на реванш мечот против Карабах во третото квалификациско коло. Откако поведоа со 0-1 во 10. минута од средбата, домашните веднаш се вратија со два гола.

Откако доби една топка од Бесарт Ибраими, крилниот играч Тамба ја смири, и ја смести во мрежатата на домаќините во 10. минута од средбата.

И кога се чинеше дека Шкендија го има посакуваниот резултат, „блицкриг“ на домашните и два гола за само две минути. Во 16. минута Цаке си постигна автогол, а потоа по една нафрлена топка, Боргес успеа да го измами Гаје и да донесе предност за Карабах, кој сега направи голем чекор кон следната фаза.

Се вчитува...