Одборот на директори на НБА лигата ја одобри продажбата на Бостон селтикс на групата предводена од Вилијам Чизхолм, извршен партнер на „Symphony Technologies Group“, објави „ЕСПН“.
Вредноста на трансакцијата е 6,1 милијарда долари. Во соопштението се вели дека НБА очекува трансакцијата наскоро да биде завршена. Групацијата на Чизхолм објави во март оваа година дека се согласила да го купи Бостон за најмалку 6,1 милијарда долари.
Американските медиуми објавуваат дека Групацијата, предводена од Чизхолм, ќе купи 51 процент од акциите на Бостон Селтикс, а ќе ги преземе преостанатите акции до крајот на 2028 година.
Се очекува конечната вредност на трансакцијата да биде приближно 7,3 милијарди долари. Сегашните сопственици на Бостон, предводени од Вик Госбек, ги купија Селтикс во 2002 година за 360 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

