Италијанецот Анџелети пред денешното гостување во Гостивар: „Одлично сум примен во Струга, сакаме успешна сезона!“

Струга ТЛ гостува на Арсими во Гостивар во денешниот натпревар од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Едно од засилувањата на стружани сезонава е Италијанецот Марко Анџелети кој во првото коло против Македонија ЃП успеа да ја зачува својата мрежа. Голманот на Струга ТЛ, посакува така да биде и денеска против Арсими.

„Добро сме подготвени за натпреварот, работевме многу добро за да бидеме подготвени за денешниот противник“ – вели Анџелети, во пресрет на натпреварот со Арсими.

Екипата од Чеграни утре ќе игра натпревар во Првата лига за првпат во историјата пред своите навивачи, па се очекува огромен интерес. Сепак, ова воопшто не го загрижува Анџелети.

„Вистина е дека веројатно се возбудени за дебито во Првата лига пред своите навивачи, но ова не менува ништо за нас како тим. Ќе го следиме планот и упатствата на тренерот за да дојдеме до нова победа. Почетокот на првенството со победа беше добар и можам да кажам дека ни ја зголеми самодовербата уште повеќе. Моја лична цел и цел на тимот е да не примиме гол, па ќе се обидам со сите сили да биде така“.

Анџелети зборуваше и за тоа како е примен во Струга по неговото доаѓање во клубот ова лето.

„Гостопримството од првиот момент беше многу добро. Не беше тешко да се аклиматизирам, бидејќи членовите на тимот многу ми помогнаа. Исто така, минатата година играв во странство, па затоа сум повеќе навикнат на овој факт“ – истакна Марко Анџелети за официјалната интернет страница на Струга ТЛ.

=====================================================

ФК АРЕСИМИ 1973 АД – ФК СТРУГА ТЛ АД

Датум/време: 15.08.2025 17:00

Место: Градски стадион Гостивар (Гостивар)

Делегат: Бабачиќ Хајро (Скопје)

Судија: Салихи Пларент (Тетово)

1. помошен судија: Јовчевски Дарко (Тетово)

2. помошен судија: Ѓорѓески Александар (Тетово)

Четврти судија: Идризи Фуркан (Тетово)

ВАР: Урошевиќ Александар (Тетово)

АВАР: Изеири Вјолца (Гостивар)

Оператор за повторување на снимка: Пејковски Жарко (Скопје)

Контролор: Илиевски Зоранчо (Битола)

Се вчитува...