Србија без Мициќ на Евробаскетот

Српскиот кошаркарски селектор Светислав Пешиќ изјави дека постои сериозна шанса Василије Мициќ да не оди на престојното Европско првенство.

Мициќ веќе некое време се опоравува од повреда, а ситуацијата сè уште не е ветувачка.

Како што истакна селекторот, закрепнувањето е „тешко“ и најверојатно Србија на Евробаскетот 2025 ќе мора да биде без Мициќ.

„Секако, загрижени сме за овие повреди. Морам да бидам искрен, најмногу ме загрижува дали воопшто ќе можеме да сметаме на Мициќ. И тој се обидува, и ние се обидуваме да го вратиме, но тешко е“ – информираше Пешиќ.

Се вчитува...