Само неколку дена откако на фантастичен начин дебитираше во дресот на Вардар, во првото коло од Првата македонска фудбалска лига, Димитар Данев ќе има нова задача заедно со своите соиграчи, да освои нови бодови, овојпат на гостински терен, денеска во 2. коло против Тиквеш во Кавадарци.
Дуелот е закажан во 17 часот, а на „жешкиот“ терен во Кавадарци, Вардар има императив за победа. Таа, како што вели Данев, нема да дојде сама по себе, мора да се заработи на терен.
По одличниот старт против Пелистер, кога постигна два гола, македонскиот младински репрезентативец посакува нова добра партија.
„Секако дека не очекува тежок дуел. Сепак, Вардар е клуб кој секогаш и секаде оди на победа. Атмосферата во тимот е одлична по стартниот триумф против Пелистер и во Кавадарци одиме да ја потврдиме моменталната форма. Респект за домаќинот, Тиквеш е квалитетен тим, но ние сакаме да имаме три бода. Ќе дадеме сè од себе за да исполниме сè што ќе бара од нас тренерот Гоце Седлоски и подготвени сме да ги израдуваме нашите навивачи“ – изјави Данев.
===================================================
ФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци – ФК ВАРДАР АД
Датум/време: 15.08.2025 17:00
Место: Градски стадион: Кавадарци (Кавадарци)
Делегат: Антонио Насевски (Кратово)
Судија: Бафто Фатмир (Охрид)
1. помошен судија: Ѓорѓиески Мишо (Охрид)
2. помошен судија: Балески Горан (Охрид)
Четврти судија: Ралевски Благојче (Битола)
ВАР: Стојчевски Игор (Скопје)
АВАР: Видиниќ Дарко (Скопје)
Оператор за повторување на снимка: Васев Виктор (Скопје)
Контролор: Манојлоски Бранко (Берово)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

