Крилниот фудбалер Екснејдер Гереро е новото засилување за Македонија ЃП. Станува збор за 28-годишен фудбалер кој доаѓа како слободен агент во редовите на тимот од Ѓорче Петров.
Кариерата на Гереро главно се градеше во Колумбија, со исклучок на последната сезона во која нстапуваше за тим од Панама. Во минатото играше за Хагуарес, Атлетико Хуила, Куиндио, Интепендиенте Санта Фе.
Главно игра на десната крилна позиција, но може да игра и на другата страна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

