ФФМ: Одлична одлука на судиите на мечот меѓу Тиквеш и Вардар

Во врска со реакциите на дел од фудбалерите и навивачите на ФК Тиквеш, поврзани со недосуден удар од агол / корнер за домашниот тим на мечот Тиквеш – Вардар, по кој гостинската екипа во следната акција постигна погодок, Судиската комисија при ФФМ ја достави на увид видео снимката од моментот во 67-мата минута од натпреварот.

„Врз основа на видео материјалите, се потврдува дека одлуката на судијата во конкретната ситуација е целосно исправна“, велат од ФФМ. 

Се вчитува...