Работнички по ремито во Кавадарци против Тиквеш во првото коло од ПМФЛ, денеска посакува успешен старт на домашен терен на новата сезона. На Националната Арена „Тодор Проески“ гостува новиот прволигаш Башкими во мечот кој стартува од 17 часот.
Напаѓачот Дашмир Елези верува дека „романтичарите“ може да ги освојат трите бода.
„Мотивирани сме да стартуваме со победа на домашен терен. Ни гостува Башкими, нов прволигаш и секако дека ќе сакаат да останат непоразени. Но, верувам дека Работнички ќе наметне свој ритам на натпреварот и дека на крајот ќе ги освоиме трите бода. Башкими има неколку навистина квалитетни и искусни фудбалери, но ние треба да го одбраниме домашниот терен. Го анализиравме противникот, добивме инструкции што треба да направиме и ако ги исполниме задачите на шефот Бојан Маркоски, верувам дека на крајот ќе славиме“, вели Елези.
Се чини дека е вистинско време Работнички да ја разбие и бариерата за постигнување голови.
„Очекувам да одиме во позитивна насока и во тој сегмент. Не постигнавме гол на европските натпревари и на првиот меч против Тиквеш во Кавадарци, но имавме неколку навистина одлични шанси. Верувам дека токму против Башкими ќе бидеме ефикасни“, порача Елези.
======================================================
ФК РАБОТНИЧКИ АД – АД ФК Башкими 1947 Куманово
Датум/време: 16.08.2025 17:00
Место:Национална Арена „Тодор Проески“ Скопје (Скопје)
Делегат: Чурлинов Тихо (Гевгелија)
Судија: Ристовски Доне (Гевгелија)
1. помошен судија: Ицев Тоше (Кавадарци)
2. помошен судија: Црвенов Роберт (Велес)
Четврти судија: Величков Боби (Велес)
ВАР: Трпчевски Стојанче (Скопје)
АВАР: Дејаноски Мартин (Кичево)
Оператор за повторување на снимка: Стојановски Петар (Скопје)
Контролор: Сеља Илир (Струга)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

