По нерешениот резултат со Арсими, во натпреварот од првото коло во Првата МФЛ, екипата на Башкими денеска од 17 часот ќе се соочи со Работнички.
Ресул Мемети верува дека ќе биде тежок натпревар, потсетувајќи дека дуелите со Работнички секогаш можат да биде непредвидливи.
„Не очекува многу тежок натпревар на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје. Екипата на Работнички се покажа како најстабилен и најнепредвидлив тим во Првата лига. Треба навистина да бидеме на високо ниво, физички и тактички. Се подготвуваме добро и веруваме во позитивен резултат“, вели Мемети.
Според него, навивачите можат да го инспирираат тимот од Куманово и да приредат изненадување против фаворизирана екипа на Работнички.
„Нашето тајно оружје се навивачите и желбата да покажеме дека Башкими ќе биде изненадување во првенство оваа година. Навистина ја имаме поддршката и се разбира дека сакаме да ги израдуваме“, дополнува Мемети со полн оптимизам.
Натпреварот меѓу Работнички и Башкими се игра денеска (16 август) на стадионот „Тодор Проески“, во 17 часот.
======================================================
ФК РАБОТНИЧКИ АД – АД ФК Башкими 1947 Куманово
Датум/време: 16.08.2025 17:00
Место:Национална Арена „Тодор Проески“ Скопје (Скопје)
Делегат: Чурлинов Тихо (Гевгелија)
Судија: Ристовски Доне (Гевгелија)
1. помошен судија: Ицев Тоше (Кавадарци)
2. помошен судија: Црвенов Роберт (Велес)
Четврти судија: Величков Боби (Велес)
ВАР: Трпчевски Стојанче (Скопје)
АВАР: Дејаноски Мартин (Кичево)
Оператор за повторување на снимка: Стојановски Петар (Скопје)
Контролор: Сеља Илир (Струга)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

