Попзлатанов: Ја почитуваме Шкендија, но во Ѓорче Петров никому не му е лесно

Второто коло во Првата македонска фудбалска лига за тимот на Македонија Ѓорче Петров ќе биде премиерно пред домашна публика. На воведниот меч од новата сезона, „лавовите“ имаа тешка задача на гостувањето во Струга, каде што загубија со 2-0. Денеска имаат можност за резултатска рехабилитација и освојување на првите бодови сезонава.

На стадионот во Ѓорче Петров доаѓа актуалениот првак, Шкендија, тим кој новото првенство го отвори со победа од 5-1 против Шкупи.

„Првото коло секогаш е тешко да се игра, особено ако тоа значи гостување во Струга. Голем удел во поразот имаше и тоа што не бевме комплетни. Полека, но сигурно се комплетираме, ни се приклучуваат странците, имаме уште неколку повредени, но ниту едното, ниту другото не е повод за алиби. Добро ја анализиравме Шкендија, знаеме за каков противник се работи. Не случајно направија голем успех во Европа. Сепак, како и секоја екипа и Шкендија има слаби страни, а ние планираме да ги искористиме. Македонија ЃП на домашен терен секогаш игра добар и пред се цврст фудбал. На ниту еден тим нема да му биде лесно да игра на нашиот стадион. Очекувам голема борба, максимум од целата екипа и секако, посветеност за позитивен резултат“, вели Јован Попзлатанов.

==================================================

ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД – ФК ШКЕНДИЈА АД

Датум/време: 16.08.2025 17:00

Место: Стадион Ѓорче Петров (Скопје)

Делегат: Гелов Зоран (Кавадарци)

Судија: Качевски Јован (Струга)

1. помошен судија: Бакрачески Разме (Струга)

2. помошен судија: Ристоски Климент (Струга)

Четврти судија: Стојановски Марјан (Кичево)

ВАР: Ќерими Бењамин (Скопје)

АВАР: Петрески Гоце (Скопје)

Оператор за повторување на снимка: Мукоски Петар (Скопје)

Контролор: Спиркоски Горан (Прилеп)

Се вчитува...