„Лавовите“, по само еден месец откако го промовираа, го избркаа инфлуенсерот кој кампуваше пред клубот

Македонија ЃП, по само еден месец откако го промовираше како свој нов член, се ослободи од 31-годишниот Французин Луис-Микал Сила.

„Лавовите“ го ангажираа Сила, инаку француски инфлуенсер, кој сам патува низ светот барајќи шанса да си го оствари фудбалскиот сон. На Балканот претходно бил во Албанија но не добил шанса, па откако од почетокот на подготовките на Македонија ЃП, кампуваше пред стадионот во Ѓорче Петров, на крај доби шанса да се докаже во македонската Прва лига.

Но, според последните информации, поради несоодветна физичка подготвеност на крај Силе е ослободенод обврските.

Тој воопшто не беше во комбинација за настап и во првото коло од новата сезона во ПМФЛ за Македонија ЃП на гостувањето против Струга ТЛ минатиот викенд.

Се вчитува...