Шкендија и Башкими имаат предност од 0-1 по првите 45 минути на гостувањата против Македонија ЃП односно Работнички во денешните два натпревари од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Шкендија уште во раната фаза од натпреварот дојде до водство од 0-1 на гостувањето против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.
Актуелниот шампион до предност дојде по убава акција уште во 9. минута која со погодок ја круниса Адеми…
Башкими, пак, до 0-1 на гостувањето против Работнички на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје дојде во 36. минута, по автоголот на Робагидзе, откако претходно по корнерот од левата страна топката заврши во дирекот на „романтичарите“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

