Шкендија на прошетка во Ѓорче Петров: Лесно скротени „лавови“ (ВИДЕО/ ФОТОГАЛЕРИЈА)

Бранителот на титулата во домашниот шампионат, екипата на Шкендија максимално ја оправда фаворитската улога на гостувањето против Македонија ЃП во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи против „лавовите“ со рутински 1-3.

Шкендија уште во раната фаза од натпреварот дојде до водство од 0-1 на гостувањето против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Актуелниот шампион до предност дојде по убава акција уште во 9. минута која со погодок ја круниса Адеми…

Во второто полувреме, нови два погодоци за „црвено-црните“. Најпрво погоди Красниќи од пенал во 55. минута…

А, потоа Тамба во 68. минута, на асистенција на Бесарт Ибраими, ја запечати победата на гостите.

Сепак, на крајот во 92. минута „лавовите“ успеаја да постигнат барем почесен погодок преку Дарко Глишиќ за конечни 1-3.

 

Се вчитува...