Словенија се тресе: Бизарна повреда на Лука Дончиќ, удрен од соиграч (видео)

Словенија е во шок откако на десетина дена пред стартот на Евробаскет 2025 незгодна повреда заработи Лука Дончиќ. Големиот ас беше предводник на својата селекција на мечот со Летонија, но при двоцифрена негатива на Словенците проблемите за селекторот Секулиќ уште повеќе се зголемија, и тоа при една бизарна ситуација.

Противникот беше во напад, а Дончиќ само стоеше во рекетот, но играчот со топка го бутна својот чувар од Словенија, кој налета директно на Лука.

Дончиќ беше бесен, најпрвин се упати на клупата за резерви, а потоа лут замина кон  соблекувалната, јасно покажувајќи дека нешто не е во ред.

Се очекува да бидат извршени детални прегледи по што ќе биде јасно за каква повреда станува збор и дали Дончиќ ќе може да настапи за Словенија на Евробаскет 2025.

Се вчитува...