Поразот од Летонија немаше толкаво значење за словенечката кошаркарска репрезентација колку што тоа беше случај со повредата на Лука Дончиќ, кој настрада при еден судар со соиграч во третата четвртина и повеќе не се враќаше на теренот.
Селекторот Секулиќ по мечот одби да даде повеќе детали околу повредата, но вечерва стигнуваат и првите детали по прегледите што беа извршени во летонскиот главен град веднаш по мечот. Имено, Дончиќ заработил незгоден удар во пределот на коленото што му го отежнува движењето, но деталните прегледи не покажале оштетување на лигаментите.
Неколку дена пауза треба да бидат доволни за Лука да се врати во нормала и да може да почне со тренинзи, а се најавува дека Дончиќ би можел да се врати на терените веќе за пријателскиот меч со Србија закажан за 21 август во Белград.
Она што е најважно, повредата не би требало да го оддалечи асот на ЛА Лејкерс подолг период од терените, па неговото учество на претстојниот Евробаскет не доведено во прашање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

