Маркес е „недопирлив“, шеста победа во низа во Мото ГП

Доминацијата на Марк Маркес во Мото ГП шампионатот продолжи и на денешната трка за ГН на Австрија, во која Шпанецот повторно ги остави зад себе конкурентите за висок пласман. Откако вчера славеше на спринт-трката, Маркес денеска беше најдобар и во „главната трка“, за шеста победа во низа на повеќекратниот светски првак кој се наоѓа на чекор до нова титула.

Тој кратко време мина на третото место, веќе во третиот круг успеа да го мине Бањаја, по што пред Маркес се најде само Бецеки. Италијанецот долго време беше на чело на колоната, но Маркес трпеливо ја чекаше својата шанса и во 19. круг успеа да го надмудри противникот, стигнувајќи до првото место и трасирајќи си го патот до новата победа, прва за него на трките за ГН на Австрија во кариерата.

Второто место му припадна на Фермин Алдегер, кој извозе извонредно на моторот на Гресини, додека третопласиран беше Марко Бецеки на Априлија.

Ова беше десетта победа на Марк Маркес на 13-те досегашни неделни трки, па јасно е зошто е само прашање на време кога Шпанецот и официјално ќе се закити со нова титула.

Се вчитува...