Актуелниот европски шампион Шпанија не бележи успех во подготовките за престојниот Евробаскет кој започнува на крајот на овој месец и ќе трае до средината на септември.
„Црвената фурија“ забележа два последователни порази од Франција во подготовките, но и тоа не го вклучува алармот кај селекторот Сеџио Скариоло кој верува дека
„Не сум изненаден бидејќи знам каков тим е ова, без оглед на индивидуалните имиња, но сум фасциниран од личноста што ја покажаа пред 15 илјади навивачи и против тим со брутална физичка природа.
Се држевме 35 минути, иако нивната физичка супериорност почна да се покажува од почетокот на второто полувреме. Секако, ние не сме тим кој слави порази. Резултатите од овие натпревари практично ништо не ми значат, но моралот на тимот значи. Сè уште ни треба доза на самодоверба за одличната игра што ја прикажавме. На вистинскиот пат сме“, изјави Скариоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

