Фудбалерите на Пелистер стигнаа до првата победа во новата сезона откако денеска во последниот меч од 2. коло во ПМФЛ славеа на гостувањето кај АП Брера со 1-2.
Двата тима почнаа внимателно па по првата половина на првиот дел немаше многу шанси. Пвата шанса ја имаа гостите во 24. минтуа кога Стојанов и Ивановски имаа двојна шанса, a по целата мешаница главниот судија на мечот, Ѓорѓиев се консултираше со ВАР собата за потенцијално играње со рака, но од таму доби информација дека се било чисто и дека натпреварот може да продолжи.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Нзеге во 30. минута, но Ѓорѓиев поради играње со рака го поништи овој погодок.
Гостите нова шанса имаа преку Булатовиќ во 36. минута кој беше оставен сам без играч, но биеше покрај голот на противникот.
Во вториот дел иако подобри на стартот беа домаќините, Ристовски успеа да изнуди пенал, кој успешно го реализираше Мирко Ивановски во 58. минута за водство на гостите од 0-1.
На 0-2 во 72. минута зголеми Бошковски.
До крајот домаќините успеаја само да го ублажат поразот со евроголот на Антовски во 77. минута.
Во самиот финиш на натпреварот фудбалерот на гостите Здравковиќ кој играше премногу невнимателно и со кренат ѓон ја загрози безбедноста на Травали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

