Дебитантот во првата македонска лига Арсими утрово потврди нов трансфер во името на Семир Џемаили.
22-годишниот дефанизвец во Арсими доаѓа од редовите на хрватскиот Драговољац.
„Со задоволство го најавуваме најновиот трансфер во тимот – Семир Џемаили, 22-годишен дефанзивец со одлична перспектива. Семири се приклучува на нашиот клуб од ХРВ Драговољац (Хрватска), откако претходно имаше искуство со клубови како Истра, Нехај Сењ, Горица и други, покажувајќи квалитет и талент на теренот. Убедени сме дека Семири ќе биде важна сила за нашата одбрана и составен дел од жолтото семејство во иднина“, соопштуваат од Арсими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

