„Никола Јокиќ нема слаба точка, а една работа особено импреисонира“

Лаури Марканен, НБА кошаркарот кој ова лето ќе ја предводи репрезентацијата на Финска на Евробаскетот во најава за континенталниот собир говореше и за Никола Јокиќ.

Според асот на Јута, српскиот центар нема недостаток во играта, а една особина посебно го издвојува од сите други кошаркари.

„Никола Јокиќ нема мана и многу е тешко да играш против него. Тој е неверојатен шутер. Добар е во ректот, во обидите за два, за три… не знаете како да го браните. Неговата интелегенција е особено импресивна. Ако се обидеш да го удвоиш веднаш ќе додаде до слободен играч. Јокиќ е комплетна закана за ривалот“, изјави Марканен.

Се вчитува...