Лука Дончиќ ја предводеше Словенија до победа против В. Британија

Кошаркарите на Словенија славеа со 93-81 во контролниот натпревар против Велика Британија одигран во Љубљана. Феноменален беше Лука Дончиќ, кој ги предводеше Словенците до нова победа, и ќе биде најсилен адут на својата селекција на престојниот Евробаскет.

Словенија со фуриозно прво полувреме успеа да дојде до одлична предност, а потоа само го одржуваше резултатот до крај, иако последната четвртина ја добија Британците.

На крајот Дончиќ беше далеку пред сите, со 28 поени, додека втор на листата на стрелци беше Хорват со 15. Хесон и Филип со по 12 поени беа најефикасни кај Британците.

Се вчитува...