Васко Атанасов ќе биде шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје и во наредната натпреварувачка сезона откако потпишал договор за продолжување на соработката со актуелниот првак на Македонија. Младиот стратег имаше на маса и понуда за преселба во странство, но на крајот сепак се реши да остане на чело на аеродромци во обид да ја продолжи жетвата на трофеи со „сино-белите“.
Атанасов седи на клупата на МЗТ од мај 2023 година, кога го наследи Драган Николиќ по суспензијата што му беше изречена на српскиот стратег. Давањето доверба на овој стручњак се покажа како вистински потег, ако се знае дека аеродромци под негово водство стигнаа до три шампионски титула, два трофеја во Купот на Македонија и два супер-куп пехари.
Заедно со Атанасов ќе остане и целокупниот стручен што и лани беше дел од МЗТ Скопје, а во наредните денови се очекува аеродромци да ги интензивираат информациите околу играчкиот ростер. Она што е најважно за нив, браќата Војдан и Дамјан Стојановски ќе останат за да го предводат МЗТ во погод по нови трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

