Пешиќ отпиша еден кошаркар за настап на Евробаскет

Дел од репрезентацијата на Србија на престојниот Евробаскет кој започнува на крајот на месецот и ќе трае до средината на септември нема да биде Урош Труфуновиќ кој отпадна од списокот на селекторот Светислав Пешиќ.

Според српските медиуми новиот кошаркар на Макаби Тел Авив веќе заминал во Израел да бара ново место на живеење со оглед на потпишаниот договор со израелскиот евролигаш.

Оваа одлука е и очекувана бидејќи Трифуновиќ не беше дел од подготовките на Србија овој месец поради повреда.

Триуфновиќ беше еден од 17-те кошаркари кои се најдоа на поширокиот список па до почетокот на континенталниот собир треба „отпаднат“ уште четири имиња.

Се вчитува...