Искусниот италијански кошаркар Данило Галинари по првиот трофеј во кариерата освоен со порториканскиот клуб Бајамон Каубојс и се стави на располагање на репрезентацијата на Италија за престојниот Евробаскет кој ќе се одржи од крајот на месец август до средината на септември, турнир кој ќе биде последен во неговата репрезентативна кариера.
Галинари на 37-годишна возраст се наоѓа на крај на богатата кариера во која 16 години настапуваше во НБА лигата. А, и покрај тоа што се ближи крајот се чини дека нема да му се оствари големата желба да настапи уште еднаш за Олимпија Милано, клубот од каде го започна патот во САД.
„Враќањето во Еворпа и Милано ми е сон. Не велам дека е невозможно, но верувам дека е многу, многу тешко. Од година во година е се покомплицирано сценарио“, изјави Галинари.
Очекувањата се дека Италијанецот и новата сезона ќе ја помине во Порто Рико каде има можност да потпише нов, петгодишен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

