Вардар испрати двајца фудбалери на позајмица во Скопје

Во средување на играчкиот кадар за оваа сезона, Вардар веќе го испрати стоперот Мануел Куестас на позајмица во Брера, сега отстапува уште двајца свои фудбалери на тимот на второлигашот Скопје.

Во Автокоманда заминуваат играчите од средниот ред Кристијан Николовски како и Горјан Цветков. 28-годишниот Николовски беше во комбинација за настап на европските натпревари, но не доби минутажа, а сега оваа сезона ќе ја мине во второлигашот од Автокоманда. 20-годишниот Цветков, кој е дете на Вардар, е испратен со цел да има поголема минутажа, и да се обиде да се наметне за настапи во својот матичен клуб.

За разлика од Цветков, кој досега има играно само за Вардар, Николовски во својата досегашна кариера мина неколку клубови. Покрај Вардар, настапуваше за Еуромилк, Борец Велес и Пелистер.

Се вчитува...